Македонија МВР вчера издало потврди на 458 мигранти

МВР вчера издало потврди на 458 мигранти

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на 458 мигранти.
Според државјанството, потврди се издадени на 357 државјани на Сирија и на 101 државјанин на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од први јануари до вчера издадени се вкупно 88.328 потврди на мигранти.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил.

Од почетокот на годината до вчера до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле 29 лицa.