Македонија МВР вчера издало потврди на 30 мигранти

МВР вчера издало потврди на 30 мигранти

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 30 мигранти. Од нив, според државјанството, 12 биле со потекло од Сирија, а 18 мигранти биле ирачки државјани.

Од почетокот на годината до вчера, според податоците на МВР, низ земјава поминале вкупно 87.870 мигранти, на кои им биле издадени потврди за искажана намера за барање азил.

Како што информираат од МВР, вкупниот број на странски државјани што од 1 јануари досега побарале да останат во земјава изнесува 29 лица. Од нив 22 се сириски, а седум се авганистански државјани.