Македонија МВР вчера издало потврди на 3.458 странски државјани

МВР вчера издало потврди на 3.458 странски државјани

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 3.458 странски државјани. Најбројни се државјнаните на Сирија, 1.638, на Авганистан, 860, и на Ирак, 478.

Од 19 јуни до вчера издадени се потврди на вкупно 258.417 странски државјани, од кои државјани на Сирија биле 158.986, на Авганистан – 56.773, на Ирак – 21.228.

Во изминатото деноноќие до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил .

Од почнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.