Македонија МВР вчера издалo потврди на 234 бегалци

МВР вчера издалo потврди на 234 бегалци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало 234 потврди на за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил странски државјани.

Според државјанството, најмногу потврди се издадени на државјани на Сирија – 82, потоа на 56 државјани на Авганистан и на 96 државјани на Ирак.

Од први јануари до вчера издадени се потврди на вкупно 81.404 странски државјани.

Во текот на изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Од први јануари до вчера до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица.