Македонија МВР вчера издало потврди на 2.591 мигрант

МВР вчера издало потврди на 2.591 мигрант

Министерството за внатрешни работи вчера издало 2.591 потврда на странски државјани, од кои најбројни биле државјаните на Сирија 1.142, на Авганистан 857 и на Ирак 592.

Од 19 јуни до вчера биле издадени вкупно 362.587 потврди на странски државјани.

Во изменатото деноноќие до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.