Македонија МВР вчера издало потврди на 2.455 мигранти

МВР вчера издало потврди на 2.455 мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.455 мигранти. Според државјанството, најмногу потврди се издадени на лица од Сирија, вкупно 939, на државјани на Авганистан – 827 и на лица од Ирак – 689.

Како што информираат од МВР, од мигрантите на кои вчера им се издадени потврди, 918 се мажи, 554 жени, 981 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а две деца што патувале без родител.

Од 1 јануари до вчера, според МВР, низ земјава поминале вкупно 72.873 мигранти, на кои им биле издадени потврди за искажана намера за барање азил.

До Секторот за азил, вчера не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил, а од почетокот на годината досега да останат во земјава побарале 10 мигранти.