Македонија МВР вчера издало потврди на 2.292 бегалци

МВР вчера издало потврди на 2.292 бегалци

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало 2.292 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврдите, најбројни се државјаните на Сирија – 1243, од Авганистан се 671 лице, а од Ирак – 378.

Од почетокот на годината до вчера издадени се вкупно 52.503 потврди на странски државјани.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Од први јанури до вчера, поднесени се шест барања за признавање право на азил.