Македонија МВР вчера издало потврди на 2.119 мигранти

МВР вчера издало потврди на 2.119 мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатиот ден издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 2.119 странски државјани.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.215, Авганистан – 476 и на Ирак – 428.

Од почетокот на годината до вчера МВР издало потврди на вкупно 29.299 странски државјани.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од први јануари оваа година, до вчера до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на правото на азил.