Македонија МВР вчера издало потврди на 1.601 мигрант

МВР вчера издало потврди на 1.601 мигрант

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатиот ден издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 1.601 странски државјани.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 865, Авганистан – 381 и на Ирак – 355.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.