Македонија МВР вчера издало потврди на 1.600 мигранти

МВР вчера издало потврди на 1.600 мигранти

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.600 странски државјани.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-929, Авганистан–432 и Ирак-239.

Од први јануари до вчера издадени се вкупно 24.118 потврди на странски државјани.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од почетокот на годината до вчера до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил.