Македонија МВР вчера издало потврди на 1.492 мигранти

МВР вчера издало потврди на 1.492 мигранти

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР), потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 1.492 мигранти.

Според државјанството, потврди вчера им биле издадени на 739 мигранти од Сирија, 404 од Ирак и на 349 лица од Авганистан.

Од 19 јуни, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита и почна издавањето на потврдите, заклучно со вчера, низ земја поминале вкупно 357.713 мигранти, од кои најголем дел, односно 202.245 лица се сириски државјани.

Вчера, како што информираат од МВР, до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање правото за азил, со што вкупниот број мигранти што побарале да останат во земјава изнесува 83 лица.