Македонија МВР вчера издало потврди на 1.404 бегалци

МВР вчера издало потврди на 1.404 бегалци

Во изминатите 24 часа, издадени се вкупно 1.404 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан – 545, од Сирија се 508, а од Ирак – 351 лице.

Од почетокот на годината до вчера издадени се вкупно 48.374 потврди на странски државјани.

Во изминатото деноноќие, до Секторот за азил поднесено е едно барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на еден малолетник од Сирија.

Од почетокот на годината до вчера, до Секторот за азил поднесени се шест барања за признавање право на азил.