Македонија МВР вчера издало потврди на 1.133 мигранти

МВР вчера издало потврди на 1.133 мигранти

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди на вкупно 1.133 странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството, најмногу потврди се издадени на државјаните на Сирија – 407, 389 лица што добиле потврда се од Авганистан, а 337 се државјани на Ирак.

Од почетокот на годината до вчера издадени се вкупно 55.477 потврди на странски државјани.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Од први јануари до вчера, до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле седум лица.