Македонија МВР вчера издало 2.220 потврди на мигранти

МВР вчера издало 2.220 потврди на мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатите 24 часа издало потврди на вкупно 2.220 странски државјани од кои најбројни биле државјаните на Авганистан – 917, на Ирак – 747 и на Сирија – 556.

Од 19 јуни до вчера МВР издало вкупно 319.727 потврди на странски државјани.

Во изминатите 24 часа до Секторот за азил нема поднесено барање за признавање право на азил.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до вчера поднесени се 83 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.