Македонија МВР со продолжено работно време на шалтерите за документи

МВР со продолжено работно време на шалтерите за документи

Почнувајќи од денеска до крајот на август, отсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и во Штип ќе работат во две смени, од 8.30 до 20 часот, извести МВР.

Покрај можноста што продолженото работно време ја отвора, граѓаните да може потребните документи или уверенија да ги вадат и по работното време, МВР поради зголемениот обем на работа воведува уште една измена да им олесни на граѓаните.

Така, отсега проверката дали на возачот му е изречена забрана за управување со моторно возило, постапка што е потребна за вадење меѓународна возачка дозвола, ќе може да се врши и на шалтерите на МВР во станиците за технички преглед.