Македонија МВР: Шеесет сообраќајни прекршоци во Скопје, 77 за брзо возење

МВР: Шеесет сообраќајни прекршоци во Скопје, 77 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, 17 април, продолжија засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои 77 за возење со повеќе од дозволената брзина, 9 санкции за возење без возачка дозвола и две за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 5 санкции за користење мобилен телефон, две за непрописно престројување, три за нерегистрирани возила, две за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 31 мерка за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат д МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради зголемена безбедноста во сообраќајот.