Македонија МВР се уште трага по поранешниот претседател на Кривичен суд, Панчевски на...

МВР се уште трага по поранешниот претседател на Кривичен суд, Панчевски на кој му е одреден притвор

Министерство за внатрешни работи се уште не го пронашле поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, кому, Основниот суд Велес му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет.

Обвинетиот Пачевски и неговиот правен застапник, не се појавиле на вчерашното рочиште за предметот „АКМИС”, кој се води во Основниот Велес.

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) на 8 јули 2019 година соопшти дека поднело обвинение против Панчевски, кој се товари за злоупотреба на информацискиот систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС).