Македонија МВР привело седум лица за сликање избирачки ливчиња и две за повреда...

МВР привело седум лица за сликање избирачки ливчиња и две за повреда на избирачко право

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска, во 15.25 часот, на гласачкото место 2052 во село Горно Седларце, Тетовско, регистриран е обид за физичка пресметка меѓу гласач и член на избирачки одбор.

И.М. (71) од Горно Седларце дошол да гласа и откако ја приложил личната карта, С.С. (34), член на избирачкиот одбор, поради нарушени меѓусебни односи, му ја фрлил личната карта, по што И.М. физички го нападнал. По инцидентот била известена полицијата, која го привела И.М.

Исто така, биле евидентирани осум пријави за фотографирање гласачки ливчиња, од кои расчистени се седум случаи, односно седум лица се приведени, од кои четири во Скопје. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

МВР приведе и две лица од скопско Мирковци и од Кавадарци, бидејќи се обиделе да гласаат во име на други лица. Во првиот случај, лице гласало во име на својата мајка, а во Кавадарци лице гласало во име на својата сопруга, при што од ОЈО Кавадарци настанот е квалификуван како кривично дело, злоупотреба на избирачко право.