Македонија МВР: Од утре возачите задолжително да носат зимска опрема

МВР: Од утре возачите задолжително да носат зимска опрема

Фото: mvr.gov.mk

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре, 15 ноември, па до 15 март 2023 година, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата.

Оттаму апелираат до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така се овозможува непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.