Македонија МВР: Казни за 837 лица за неносење маска, санкционирани 284 возачи во...

МВР: Казни за 837 лица за неносење маска, санкционирани 284 возачи во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие, 31.10/01.11.2020 година, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 837 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи и апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

МВР, исто така, информира дека во текот на вчерашниот ден, 31 октомври, само на територијата на град Скопје е сизречени вкупно 284 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 32, 35 за неисправни и нерегистрирани возила, 16 санкции за управување под дејство на алкохол, за непрописно паркирани возила 72 мерки и 58 за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопштија од МВР.