Хроника МВР ја потврди експлозијата во Чаир

МВР ја потврди експлозијата во Чаир

Засега непозната експлозивна направа експлодирала во непосредна близина на бетонска ограда од двор на куќа лоцирана на улица Никола Малешевски, информираат од МВР.

Од настанатата експлозија нема повредени лица, причинета е само материјална штета, односно оштетување на прозорците од куќата, а оштетен е и автомобил марка „мерцедес“. Се преземаат мерки за целосно расчистување и за документирање на настанот.

Некои медиуми информираа дека експлозијата се случила во близина на куќата на вицепремиерот за рамковни прашања, Муса Џафери.