Главна секција МВР ги проверува информациите за вооружени групи во Кумановско и во Зајас

МВР ги проверува информациите за вооружени групи во Кумановско и во Зајас

Повикувајќи се на информации од медиуми, порталот „Алмакос“ и весникот „Лајм“ доцна синоќа објавија вест дека во Кумановско и во околината на кичевското село Зајас биле забележани вооружени групи.

Како што пренесуваат медиумите, жителите на Зајас, наводно, забележале група од околу 50 вооружени лица, но не било познато дали носат униформи со воени симболи и со какво оружје располагаат. Според информациите на кои се повикуваат „Алмакос“ и „Лајм“, жители на селото се жалеле на бројни проверки од полицијата.

Од МВР не ги потврдуваат ниту, пак, ги демантираат овие информации.

– Ние ги проверуваме сите оперативни сознанија и информации што доаѓаат до нас – изјави за „Мета“ помошникот-министерот за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски.