Македонија МВР: Детонациите во Тетово и во Куманово биле надвор од полициските станици

МВР: Детонациите во Тетово и во Куманово биле надвор од полициските станици

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен, на својата веб-страница, официјално информираше за експлозиите што синоќа одекнале во близина на полициските станици во Тетово и во Куманово.

„На 09 декември 2014 година, во периодот од 20 до 20.30 часот, во СВР Тетово и во СВР Куманово е пријавено дека се слушнале детонации во близина на полициските станици. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што е извршен увид во присуство на jавен oбвинител. Од местото на настанот се подигнати траги кои се испратени на вештачење. Од извршениот увид е констатирано дека детонациите биле надвор од полициските станици, при што не е предизвикана материјална штета. Се работи на целосно расчистување на случајот“, стои во информацијата од МВР.