Свет Мугабе сменет од лидерската позиција во владејачката партија на Зимбабве

Мугабе сменет од лидерската позиција во владејачката партија на Зимбабве

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, е сменет од местото лидер на владејачката партија и е избркан од нејзиното членство, јавуваат светските новински агенции.

На неговото место во партијата е поставен Емерсон Мнангагва, кој овој месец беше сменет од местото потпретседател на државата.

Вчера илјадници граѓани на Зимбабве ги преплавија улиците на главниот град Хараре, мавтајќи со националното знаме, и со песна го чекаа падот на претседателот, Роберт Мугабе.