Хроника Му се заканил на гостиварскиот обвинител и побегнал

Му се заканил на гостиварскиот обвинител и побегнал

Вчера, околу 11 часот, во Гостивар, во просториите на Основното јавно обвинителство, кај вработениот А.Л. (61) од Гостивар, ненајавено влегол Ш.М. од село Равен, Гостиварско, и на вработените им упатил закани по живот.

На јавниот обвинител, пак, му се обратил со зборовите „Тебе ќе те чекам кај село Здуње и ќе те пукам“. Потоа излегол надвор и почнал да чука по прозорците од канцеларијата на обвинителот и заминал во непознат правец.

За време на настанот, биле присутни повеќе службени лица вработени во Основното јавно обвинителство Гостивар.