Хроника Мртов маж пронајден во близина на акумулацијата Калиманци

Мртов маж пронајден во близина на акумулацијата Калиманци

Машки труп на лице на возраст од 35 до 40 години, утринава пронајдоа мештаните на селото Дулица, во месноста Газјански мостови, на стотина метри од акумулацијата Калиманци, јави телевизија „Канал 5“.

Трупот, пренесе телевизијата, се наоѓал во близина на еден од мостовите во правец кон Македонска Каменица.

По дојавата, веднаш на местото на настанот излегла увидна екипа од делчевската полиција.