Македонија МРТ: Немаме никаква формална, организациска и програмска допирна точка со „Канал 103„

МРТ: Немаме никаква формална, организациска и програмска допирна точка со „Канал 103„

Македонската радио-телевизија ги демантира тврдењата во јавноста дека направила упад во програмата на радиото „Канал 103“.

„Радиото „Канал 103“ емитува програма од објектот на МРТ и МРТ нема никаква формална, организациска и програмска допирна точка со истото. Оттаму, уште еднаш се оградуваме од вчерашниот настан. Ниту МРТ, како институција, ниту некој нејзин вработен е дел од истото случување“, велат од МРТ.