fbpx

ЗНМ: Собранието да ги забрза реформите во МРТ, а Владата да се воздржи да ја оценува нејзината работа

-

Здружението на новинарите на Македонија реагира на заклучокот на Владата на Република Северна Македонија од 8 мај, со кој се дава оценка за работата на Македонската радио телевизија, информираат од таму.

„Во заклучокот се вели дека Македонската радио телевизија не ги исполнила професионалните и етичките новинарски стандарди за обезбедување уредувачка независност, непристрасност и објективност во информирањето. Неспорно е дека МРТ во минатото беше критикувана во повеќе меѓународни извештаи дека пропуштила да известува професионално за настани од јавен интерес. За потсетување, во извештајот на Репортери без граници беше наведено дека реформата во МРТ е изоставена и дека јавниот сервис и понатаму служи на интересите на поранешната власт“, се вели во соопштението на ЗНМ.

Од таму укажуваат дека според членот 104 од ЗААМУ, Македонската радио телевизија како јавен радиодифузен сервис е независна од кој било државен орган, друго јавно правно лице или трговско друштво и треба во уредувачката и деловната политика да биде непристрасна кон нив.

„Сепак, потенцираме дека Владата не е надлежна институција која треба да ја оценува работата на медиумите. Ја повикуваме Владата да не се впушта во оценки за професионалните стандарди на медиумите, бидејќи со тоа излегува од својата надлежност и ја презема работата на медиумските (само)регулаторни тела. Истовремено, го повикуваме Собранието, итно да го продолжи процесот за избор на нов состав на Програмскиот совет на МРТ, како предуслов за реформа на јавниот сервис со што ќе се придонесе кон негова професионализација, кревање на стандардите, но и развивање на дописничката мрежа“, додаваат од ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...