Македонија МПЦ апелира да не се палат бадникови огнови, дрвата да се донираат...

МПЦ апелира да не се палат бадникови огнови, дрвата да се донираат за сиромашните

Македонската православна црква апелира денеска да не се палат бадникови огнови, а собраните дрва да се донираат на социјално загрозени семејства.

– Верниците кои планираат да организираат коледарски оган, да не го прават тоа, туку да ги донираат дрвата. Исто така, на тој начин ќе покажеме и доволна граѓанска свест во време кога  Скопје, но и другите градови се соочуваат со енормно загадување – се вели во соопштението на МПЦ.

Наместо на улица покрај оган, МПЦ ги повикуваат верниците на богослужба во црква, каде достојно ќе се прослави Христовото раѓање.