Свет Москва: Притворени тројца што подготвувале терористички напади

Москва: Притворени тројца што подготвувале терористички напади

Судот во Москва им одреди притвор на тројца мажи под сомневање дека планирале терористички напад во главниот руски град.

Судот одредил Аслан Баисултанов, Елман Ашаев и Мохамрд Мезхидов да бидат во истражен притвор најмалку до 12 декември.

Директорот на Федералната служба за безбедност, Александар Бортников, изјави дека овие тројца се меѓу 12 лица што се уапсени на 11 октомври. Тој додаде дека уапсените се членови или приврзаници на Исламска држава.