Свет Свет Москва: Новите санкции на САД нема да останат без одговор

Москва: Новите санкции на САД нема да останат без одговор

Новите американски санкции кон Русија нема да останат без одговор, соопшти денеска министерството за надворешни работи на Русија.

– Провокативните акции не само што ги уништуваат руско-американските односи, туку пречат во соработката при решавањето на другите глобални проблеми – се наведува во соопштението на руското МНР, а пренесува ТАСС.

САД воведоа нови санкции спрема Русија, вклучувајќи ги и оние спрема компаниите и физички лица кои се поврзани со руските милионери што тргуваат со гасот на Генадиј Тимченко.

Како што пренесува „Ројтерс“, санкциите се воведени против осум компании и поединци кои му пружаат поддршка на Тимченко, кој е поврзан со Кремљ.