Дописници Монографија „Македонија – мојот живот“, посветена на животот и на делото на...

Монографија „Македонија – мојот живот“, посветена на животот и на делото на Гојко Јаковлевски

Утре, со почеток во 19.30 часот, во Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје, ќе се одржи прмоцијата на монографијата „Македонија – мојот живот“ од новинарот Киро Кипроски, посветена на животот и на делото на Гојко Јаковлевски.

Промотори на монографијата ќе бидат доцент Светлана Вељановска и новинарот и публицист Виктор Цветановски.

Покрај тоа, на промоцијата ќе настапат интерпретаторите на народениот мелос Виолета Томовска и Ванчо Тарабунов, како и оркестарот на Ансамблот „Танец“ од Скопје.

Водител на програмата ќе биде поранешната телевизиска водителка од Скопје, Ленче Смилевска.

Гојко Јаковлевски, пред осамостојувањето на Република Македонија, живееше како политички емигрант и виден македонски активист во Берлин. Заедно со Драган Богдановски е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.