Македонија МОН го прифати предлогот на Студентски парламент

МОН го прифати предлогот на Студентски парламент

Министерството за образование соопшти дека го прифаќа предлогот од Студентски парламент, со кој се остава можност студентите да полагаат една третина од предметите во третата студиска година, независно од тоа дали го положиле или не првиот дел од државниот испит.

Ова барање на Студентски парламент при УКИМ е дополнување на иницијативата на охридскиот Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.