Хроника Момче починало откако статива му паднала врз главата

Момче починало откако статива му паднала врз главата

Во Градската општа болница „8 Септември“, вчера починало 19-годишно момче Б.С од село Ропалце, Кумановско, информираат од МВР.

Момчето во 14.30 часот било донесено со тешка повреда на главата откако на стадионот во село Сарај во Скопје, се фатил со рацете за стативата од голот, по што стативата се скршила, Б.С. паднал, а врз неговата глава паднала стативата.

МВР презема мерки и активности за расчистување на случајот.