Македонија МНР: Ниту еден граѓанин не пријавил проблеми при патување со патни листови

МНР: Ниту еден граѓанин не пријавил проблеми при патување со патни листови

Во врска со патните листови, со кои македонските државјани може непречено да се вратат во земјата, од МНР тврдат дека дипломатско- конзуларни претставништва редовно се снабдуваат со нови количини на соодветни обрасци и нема застој во нивното издавање

Фото: Мета.мк

Ниту еден наш државјанин не пријавил во Министерството, ниту во дипломатско-конзуларните претставништва проблеми при патување со патни листови, ниту со друг вид на документи со Република Северна Македонија, известува Министерството за надворешни работи, од каде тврдат дека во изминатиов период, целосно ја реорганизирале дипломатско-конзуларната мрежа во светот, со цел да им излезе во пресрет на државјаните кои се наоѓаат надвор од земјата.

Во врска со патните листови, со кои македонските државјани може непречено да се вратат во земјата, од МНР тврдат дека дипломатско- конзуларни претставништва редовно се снабдуваат со нови количини на соодветни обрасци и нема застој во нивното издавање.

Оттаму потсетуваат дека на предлог на Министерството за надворешни работи, Владата на денешна седница донесе одлука со која дипломатско-конзуларните претставништва ќе започнат со издавање на патни листови без наплата на конзуларна такса. Исто така, се олеснува и доставата на патниот лист и истата ќе може да биде извршена преку брза пошта.