Економија ММФ: Русија годинава ќе има пад на БДП за 3,4 отсто

ММФ: Русија годинава ќе има пад на БДП за 3,4 отсто

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проценува дека годинешниот домашен бруто-производ (БДП) на Русија, која е во економска криза, ќе се намали за 3,4 отсто и оти следната година ќе биде забележан помал пораст, беше објавено денеска во Москва.

ММФ ги ревидираше своите претходни предвидување за пад на БДП од 3,8 проценти за оваа година и за 1,1 отсто во 2016 година. Економскиот пораст во 2014 година изнесуваше 0,6 отсто.

– Мерките кои ги презедоа руските власти против економската криза помогнаа да се стабилизира ситуацијата – изјави шефот на мисијата на ММФ во Русија, Ернесто Рамирез Риго.

Русија е во монетарна криза која е предизвикана од западните санкции кон неа, воведени поради кризата во Украина, но и од падот на цената на нафтата на светскиот пазар.

Риго предвидува дека Русија следната година ќе има пораст од 0,2 отсто.