Дописници Младите во Македонија имаат огромна доза автоцензура

Младите во Македонија имаат огромна доза автоцензура

Видеоприлози снимени со поголем број граѓани на Прилеп, што ја прикажуваат објективна слика за животот во градот, како и за кршењето на човековите и на работничките права, беа презентирани од иницијативата „Социјална правда сега“, на отворената трибина, организирана на тема „Социјална (не)правда во Прилеп“.

Според организаторот на настанот, кај граѓаните на Македонија постои огромна доза автоцензура.

Реалност е дека дека младите луѓе живеат од платата или пензијата на родителите, дека ако веќе не избегале во странство, тогаш се невработени, дека се корисници на социјална помош или, пак, многу често, се хонорарци осакатени со новиот закон – изјави Синиша Станковиќ, претставник на иницијативата.

Иницијативата „Социјална правда сега!“ е спроведена од  Центарот за слобода „Цивил“ и од Македонската платформа против сиромаштијата, за да се разоткрие тешката социјална положба во Македонија на локално ниво.

Видеоанкетите може да ги погледнете на следните линкови:

видео 1; видео 2; видео 3; видео 4;