Македонија Министерот за надворешни работи на Австрија во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Австрија во посета на Македонија

Денеска попладне, во дводневна посета на Македонија ќе пристигне министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц.

Тој, според најавите, ќе има средби со премиерот Никола Груевски и со неговиот македонски колега Никола Попоски. Шефот на австриската дипломатија предвидено е да се сретне и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и со потпретседателот на опозицискиот СДСМ, Радмила Шекеринска.