Македонија Минатиот месец „алфите“ привеле 265 лица

Минатиот месец „алфите“ привеле 265 лица

Во текот на минатиот месец, припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“, при вршење редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 1.220 лица,  преглед на 276 луѓе, а на различни основи биле приведени вкупно 265 лица.

Според МВР, припадниците на единицата „Алфа“ на основа на телеграма привеле 32 лица, поради потраги, гласник или наредба од основен суд – 11 лица, под сомневање за извршено кривично дело – 39 лица, по извршено кривично дело – 25, на местото на вршење на кривично дело привеле 17 лица, за издржување казна затвор – 14 лица, за утврдување идентитет – 12 лица, за поседување недозволени предмети приведени се осум лица, поради учество во тепачка – седум, за физички напад – девет, поради омаловажување полициски службеник пиведени се  четири лиза, поради комар или други игри на среќа – четири, поради напад на службено лице – две лица, за останати прекршоци приведено е едно лице. Вкупно приведени лица со оружје се двајца, а вкупно приведени лица за поседување опојни дроги се 35.