Свет Европа Милион и пол странци добиле забрана за влез во Русија

Милион и пол странци добиле забрана за влез во Русија

Официјална Москва донесе привремена забрана за влез во Русија за повеќе од 1,5 милиони странци кои го прекршиле рускиот закон, соопшти федералната служба за миграција.

Новинската агенција ТАСС јави дека за околу 500 мигранти е издадена трајна забрана за влез во Русија.

Одлуката се однесува на странци кои треба да бидат депортирани од Русија, а кои побегнале од привременото сместување и на тој начин ја прекршиле одлуката на судот.

Минатата година околу 38.000 лица биле упатени во привремено сместување во 77 федерални единици, каде чекале одлука за депортација, но повеќето од нив се вратиле во своите земји.

Мигрантите кои го прекршиле законот добиваат забрана за влез во Русија од три, пет или 10 години.