Македонија Миле Јанакиески не се појави како сведок пред Анкетната комисија

Миле Јанакиески не се појави како сведок пред Анкетната комисија

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, не се појави на сведочење пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

Поради отсуството на Јанакиески, членовите на Комисијата не го изгласаа дневниот ред и седницата беше прекината.

В четврток, на 17 декември, пред комисијата треба да сведочи министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој требаше да се појави на 10 декември, но поради работни обврски, сведочењето го одложи за четврток.

Иако добија покани да дадат изјава пред комисијата, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер не се појавија на закажаните седници.