Македонија Меркел в сабота ќе ја посети Македонија за да се информира за...

Меркел в сабота ќе ја посети Македонија за да се информира за референдумот

Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека германската кацеларка Ангела Меркел в сабота ќе дојде во Скопје, но посочи дека конечната потврда за посетата, според протоколот, треба да ја соопшти германската Влада.

– Се надевам дека посетата ќе биде на 8 септември, но конечната потврда треба да ја соопшти Германија – рече Заев одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета на Радишани.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, денеска најави дека Меркел в сабота ќе дојде во Скопје за од прва рака да формира впечаток за претстојниот референдум. Во фокусот на средбата ќе бидат „регионалните случувања и билатерални теми“.