Свет Европа Меркел нема да присуствува на церемонијата на 9 Мај во Москва

Меркел нема да присуствува на церемонијата на 9 Мај во Москва

На свечената церемонија во Москва, на 9 Мај, по повод одбележување на Денот на победата над фашизмот, нема да присуствува германската канцеларка Ангела Меркел.

– Поради развојот на случувањата во Украина, невозможно е Меркел да присуствува на традиционалната воена парада на Црвениот плоштад во Москва – наведе анонимен извор од германската влада.