Забава Мерил Стрип и Стиви Вондер, добитници на Медал за слобода

Мерил Стрип и Стиви Вондер, добитници на Медал за слобода

Стиви Вондер и Мерил Стрип

Актерката Мерил Стрип и музичрот Стиви Вондер се меѓу 19 лица кои претседателот Барак Обама вчера го именуваше за највисокото национално одликување за цивили, Медал за слобода.

Меѓу останатите добитници на престижната награда за посебни заслуги се и композиторот Стивен Сондхајм, писателката Изабел Ајленде, новинарот Том Броко, економистот Роберт Солоу и кореографот и балетан Алвин Ејли.

– Од активисти кои се борат за промени, до уметници кои ги истражуваат нашите најдлабоки фантазии, од научници благодарение на кои САД се предводници на напредокот, до јавните службеници кои помагаат во пишувањето на новите поглавја на американската историја, овие граѓани дадоа фантастичен придонес за земјата и за светот – истакна Обама.

Медалот за слобода е највисоко цивилно признание во САД, наменето за лица кои особено придонеле за националните интереси на САД, светскиот мир, дале значаен придонес во културата и други достигнувања.

Наградите ќе бидат врачени на 24 ноември, во Белата куќа.