Македонија Меморијален турнир во чест на загинатите бранители

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители

Во чест на загинатите бранители од 2001 и од 2015 година, денеска во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде отворен Меморијален турнир во мал фудбал.

Организацискиот одбор на турнирот е составен од претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и од Здружението на загинатите бранители од 2001 година „Македонски херои“.

Меморијалниот турнир во мал фудбал е под покровителство на Министерството за внатрешни работи, а ќе го отвори министерот Оливер Спасовски.