Свет Мекејн: Свињите ќе полетаат ако успее договорот од Минск

Мекејн: Свињите ќе полетаат ако успее договорот од Минск

Американскиот републикански сенатор Џон Мекејн оцени дека договорот за прекин на огнот во Минск нема да трае ниту седум дена.

– Ми се чини дека тоа е неизводливо. Тоа е санирање на рана со фластер и моето предвидување е дека нема да трае ниту една седмица – рече Мекејн, коментирајќи ја спогодбата што вчера ја постигнаа Киев, Москва, Париз и Берлин.

Во согласност со договорот, прекинот на огнот стапува на сила на 15 февруари, а сите страни се должни, во рок од две недели да го повлечат тешкото вооружување за да се создаде безбедносна зона.

– Ако тоа се случи, свињите ќе почнат да летаат – рече Мекејн, додавајќи дека дипломатските напори нема да имаат ефект доколку САД не испрати дефанзивна воена помош на Украина.