Култура Марта Маркоска, најдобар млад автор

Марта Маркоска, најдобар млад автор

Годинашната награда „Бели мугри“ за млад автор до 35-годишна возраст, која ја доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, отиде во рацете на авторката Марта Маркоска.

Жири-комисијата, во чиј состав беа Бранко Цветкоски, претседател и Тодор Чаловски и Јованка Христовска, членови, одлучи да ѝ ја додели наградата на Марковска за поетскиот ракопис „Црни дупки во нас“.

Втората награда ѝ е доделена на Љупка Антеска за поетскиот ракопис „Лек за времето“, а третата на Јосип Коцев, за поетската книга „Отфрлени“.