Македонија Маршот на толеранцијата ќе почне во 5 минути до 12 часот

Маршот на толеранцијата ќе почне во 5 минути до 12 часот

Марш на толеранцијата

Хелсиншкиот комитет за човекови права, заедно со „Цивил – Центар за слобода“ и со уште десетина здруженија на граѓани, денеска, по повод Меѓународниот ден на толеранцијата, ќе го одржи шестиот Марш на толеранцијата .

Годинешниот марш, кој ќе почне во 11 часот и 55 минути, е посветен на темелните вредности на секое демократско општество: „Правда! Слобода! Еднаквост!“

Маршрутата на Маршот тргнува од Музеј на град Скопје – улица Македонија – улица 11 Октомври – Влада на РМ – мост Гоце Делчев – плато пред Универзитетот на ЈИЕ, каде што ќе има сценски и диџејски настап.