Македонија Мандатите на градоначалниците и на советниците продолжени до локалните избори

Мандатите на градоначалниците и на советниците продолжени до локалните избори

Со 63 гласа „за“, во Собранието на Република Македонија попладнево беше изгласан предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој локалните избори ќе се одржат во октомври, а мандатите на градоначалниците и на членовите на советите на општините се продолжуваат до стапувањето на должност на новоизбраните функционери по следните локални избори.

Со оваа законска измена, се овозможува непречена работа на општините, кои беа блокирани од 23 март, кога според претходната верзија на Изборниот законик, им истекоа мандатите на членовите на општинските совети.

Предлог-законот по скратена постапка го поднесоа Оливер Спасовски, Ејуп Аљими, Африм Гаши и Весел Мемеди.