Македонија МАН го осудува испраќањето погребен венец за Јовановски

МАН го осудува испраќањето погребен венец за Јовановски

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро го осудува испраќањето погребен венец со натпис „Последен поздрав“ на домашна адреса на новинарот Борјан Јовановски од извесен испраќач со кодно име Тодор Александров.

„МАН смета дека никој не смее да им се заканува на новинарите за вршење на нивната работа, особено не на ваков начин и со вмешување на најблиските од семејството. Разликите може и треба да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и на идеи, но не треба резултатот да биде навреда и закана по животот“, се вели во дописот на МАН до медиумите.

Од асоцијацијата бараат да не се политизира овој инцидент со изразување протест пред Владата бидејќи „новинарот е новинар, а не опозиција.“

Тие браат од надлежните во најкус можен рок да го расветлат случајот и најостро да го казнат сторителот.